Нуров се „чекираше“ во големото финале на Медитеранските игри, утре ќе се бори за злато

Репрезентативецот на Македонија, борачот Могамедгаџи Нуров успеа да се „чекира“ во големото финале во борење во слободен стил на Медитеранските игри откако со 6-1 во полуфиналето беше подобар Елдерс Мустафа од Египет.

Нашиот борач претходно оствари три победи против своите противници од Тунис, Алжир и Шпанија. Финалето е утре, а противник на Нуров ќе биде Фејзула Актурк од Турција.

Со овој пласман во финалето Македонија осигура медал на Игрите во Оран, Алжир.

Се вчитува...