Обадиќ со трофеј во својата деби сезона во Грција

Македонскиот стопер Петар Обадиќ, прва сезона како член на Еордаикос Птоломаида, се закити со трофејот во регионалниот Куп на Грција. Во финалето неговиот тим славеше триумф над Дак Козани со 3-2 и така го освои трофејот. Обадиќ го одигра целиот натпревар.

20-годишниот Обадиќ од Тетекс во јануари замина во Грција, и искажа задоволство од неговиот прв интернационален ангажман.

Добрите настапи уште од сега го привлекуваат вниманието од страна на поквалитетните грчки клубови за овој млад и перспективен стопер, па може да се очекува летоска да направи уште еден чекор напред во својата кариера.

Се вчитува...