Обамејанг: Ако сакам да напредувам, треба да си заминам од Дортмунд

Борусија Дортмунд како да нема доволно проблеми со Осман Дембеле и неговото настојување да замине во Барселона, па сега на глава на „милионерите“ повторно им е качи и Пјер Емерик Обамејанг. Габонецот беше на чекор до трансфер во Кина, откако истиот пропадна изјави дека е среќен што останува во Дортмунд, десетина дена потоа истакна дека сака назад во Милан, но „росонерите“ спијат, за во текот на вчерашниот ден голгетерот да даде нова изјава со која ги разочара навивачите на германскиот клуб.

Се уште размислувам дали да останам или да си одам, ова прашање ми се врти во главата и се уште го немам вистинскиот одговор. Едно е јасно, ако сакам да напредувам морам да го променам клубот летово. Имам 28 годиин и време ми е за некаков чекор напред“ – порача Обамејанг.

Плановите за трансфер во Милан му пропаднаа откако „росонерите“ го комплетираа трансферот на Калиниќ и ја завршија потрагата по нов голгетер, а и поголемиот дел од големите клубови веќе ги заокружија „ростерите“ за оваа сезона. Останува да се види каква ќе биде реакцијата на раководството на Борусија, кое се соочува со сериозна опасност летово да остане без двајцата најдобри фудбалери од ланската сезона.

Се вчитува...