Обамејанг двоен стрелец против „својот“ Милан

Дортмунд го совлада обновениот состав на Милан со 3-1 на пријателскиот натпревар во рамките од Интернациналниот шампионски куп. На стадионот „Тиане“ во Гвангжу, Дортмунд со двата гола на Обамејанг и еден на Сахин ја обезбедија првата победа на стартот на овој пријателски турнир во Кина.

Очигледно е дека на Милан ќе му биде потребно време да ги разигра новите засилувања. Најтешката работа за Монтела допрва доаѓа, прашање е дали ќе може сите ѕвезди да ги воигра за краток период. Дортмунд пак засега добро функционира со новиот предводник, Питер Бош. Продолжуваат да го негуваат напаѓачкиот менталитет, она што треба да се поправи е одбранбената организираност.

Резултатот го отвори Нури Сахин во 16. минута. Откако фудбалерите на „милионерите“ ја бараа својата шанса пред голот на Сторари, Пулишиќ создаде простор турскиот репрезентативец, а Сахин од прва одлично ја зафати топката и ја смести во мрежата. Само четири минути подоцна, Дембеле го разработи Пулишиќ во шестнаесетникот, а Палета беше невнимателен при стартот, па судијата покажа кон белата точка. Обамејанг во својот прв настап против поранешниот клуб Милан, успешно го совлада резервниот голман на „Росонерите“.

За средбата да стане интересна, Карлос Бака во 24. минута намали на 2-1. Колумбиецот по соло продор од дваесетина метри успеа да го совлада искусниот Вајденфелер. За конечните 3-1, Пулишиќ уште еднаш во улога на асистент го проигра Габонецот по одлично воиграниот контра напад.

https://www.youtube.com/watch?v=VyvAyzXISF8

Се вчитува...