Обамејанг го одведе Арсенал во финалето на ФА купот

Арсенал го изненади Манчестер Сити во полуфиналето на ФА купот совладувајќи го на „Вембли“ со 2-0. Тимот на Пеп Гвардиола остана и без вториот голем трофеј во Англија оваа сезона откако претходно ја загуби и трката за шампионската титула во Пфемиер – лигата. Микел Артета успеа да го надмудри учителот Гвардиола.

Херој на „топчиите“ во полуфиналето беше Пјер – Емерик Обамејанг. Напаѓачот на Арсенал успеа да ја надмудри одбраната на „граѓаните“ во 19.минута, а уште еднаш го совлада Едерсон во 71.минута по одличната асистенција на Киран Тирни.

Во второто полуфинале утре на „Вембли“ се среќаваат Манчестер Јунајтед и Челси. Големото финале е закажано за 1.август.

Се вчитува...