Обамејанг: Реал Мадрид ми беше сон, но јасно е дека нема да се оствари

Пјер Емерик Обамејанг беше меѓу најспоменуваните имиња на фудбалскиот пазар во текот на летово, откако неговото име беше поврзувано со далечната Кина, но и со трансфери во европските гиганти Реал Мадрид, Милан и ПСЖ. Обамејанг на крајот сепак остана во Борусија Дортмунд, а во интервју за германските медиуми голгетерот од Габон објасни што се случувало во текот на летото.

Тој уште минатата година изјави дека трансфер во Реал Мадрид е неговиот сон, но веќе е јасно дека тоа нема да се оствари.

„Веќе не сонувам за Реал Мадрид. Не сакам ни да зборувам, бидејќи е очигледно дека не ме сакаат. Нема проблем, одам понатаму. Убаво ми е во Дортмунд, имав договор да ми дозволат трансфер, но не сум исфрустриран што не си заминав одовде“ – изјави Обамејанг.

Тој потврди дека имал разговори со челниците на ПСЖ на почетокот од преодниот рок.

Еден месец пред доаѓањето на Нејмар ме контактираа челниците на ПСЖ. На почетокот од јули се сретнат со Ал Келаифи, но потоа пристигна новиот спортски директор Антер Енрике и тој реши да прекинат преговорите со мене“ – открива голгетерот на Борусија Дортмунд.

Кинеските милиони се интересни за бројни светски ѕвезди, но Обамејанг не е една од нив.

„Повикот од Кина не го ни гледав како сериозна опција поради недостигот на професионализам од нивна страна. Цело време го одлагаа испраќањето на понудата, стана јасно дека не се доволно сериозни и јас не сакав да заминам таму“ – вели Обамејанг.

Тој не крие дека Милан, клубот каде ја почна својата кариера, е многу интересна опција за следна дестинација.

Милан? Зошто да не, нема голема разлика меѓу она што го заработувам овде и тоа што би го замел тамау, но нивниот проект сигурно е многу интересен за мене“ – порачува одличниот голгетер.

Се вчитува...