Обамејанг сака во Милан: Што да правам, „росонерите“ спијат

Пјер Емерик Обамејанг широко ја отвори вратата за враќање во Милан објавувајќи дека е сериозно заинтересиран за камбек во клубот каде ја почна кариерата. Голгетерот од Габон ја мина младинската академија на „росонерите“ пред во декември 2011 година да замине во Сент Етјен, траснфер со кој ја лансираше својата кариера. Откако му пропадна трансферот во Кина тој истакна дека е подготвен да остане во Борусија, но со последната изјава јасно стави до знаење дека без размислување би се вратил во Милан.

„Точно е, сакам да се вратам во Милан. Но што да правам кога „росонерите“ спијат“ – изјави Обамејанг.

Тој не настапи на вчерашниот дуел од Купот на Германија против Арлен поради настинка, но медиумите во Германија тврдат дека причината е сосема друга, откако Обамејанг ја известил управата на клубот за својата желба да си замине од Дортмунд.

Останува да се види реакцијата на „росонерите“, кои своето внимание моменто го имаат насочено кон Белоти од Торино, но лесно може да се случи да испратат понуда за Обамејанг.

Се вчитува...