Обамејанг се премисли: Останувам во Дортмунд

Пјер Емерик Обамејанг и во следната сезона ќе го носи дресот на Борусија Дортмунд, откако голгетерот од Габон обелодени дека го променил својот став откако на стартот од преодниот рок бараше да му биде дозволено да ги промени клупските бои. Во меѓувреме сериозен интерес за неговите услуги искажуваа клубови од Кина, како и Милан и Манчестер сити, но откако преговорите беа блокирани Обамејанг реши да остане уште една сезона во Дортмунд.

Останувам во Борусија. Никој со сигурност не може да каже што носи иднината. Вистина е дека разговарав со челниците на Борусија пред одморот им кажав што сакам, дека е време за нов предизвик. Бев искрен кон нив, но ниту еден од клубовите кои беа заинтересирани не можеше да го реализира трансферот. Затоа, останувам во Дортмунд. Точно е, Кина беше една од опциите, нормално беше да размислам со оглед на парите што беа понудени. Многумина велеа дека тоа би бил чекор назад во кариерата, но убеден сум дека не постои ниту еден човек што не би разгледал сериозно таква понуда, пред да донесе конечна одлука“ – изјави Обамејанг за германските медиуми.

Габонецот пристигна во Дортмунд во 2012 година од редовите на Сент Етјен, а претходно настапуваше и за Милан, Дижон, Лил и за Монако.

Се вчитува...