Обамејанг влезе во историјата, па реши да испрати провокација до Артета и „хејтерите“ (ФОТО)

Пјер Емерик Обамејанг игра во фантастична форма од кога дојде во Барселона, а тоа го покажа и во синоќешното „Ел Класико“ во кое постигна два гола во триумфот на Каталонците од 0-4.

Во Барселона Габонецот дојде од Арсенал како слободен играч откако го раскина договорот со „топџиите“. Обамејанг во Арсенал како капитен се соочи со несогласувања со Микел Артета и беше суспендиран.

По вчерашниот натпревар Обамејанг се огласи на социјалните мрежи.

„Здраво од истрошениот фудбалер“.

 

 

 

Се вчитува...