Обамејнг донесе нови три бода за Барселона

Барселона стигна до 18. победа во Ла Лига откако во 33. коло славеше на гостувањето против Реал Сосиедад со 0-1. Победоносниот гол го постигна Обамејанг кој по асистенцијата на Торес во 11. минута ја затресе мрежата на домаќините.

Со новите три бода Барселона се рехабилитираше за неочекуваниот пораз од Кадиз и ја продолжи траката со Реал Мадрид за првата позиција на табелата. Реал Сосиедад пак и покрај поразот останува во игра за место кое води во европските натпреварувања следната сезона.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...