Обдукцијата откри: Астори не умрел во сон, можел да се спаси!

Италијанскиот фудбалер Даниеле Астори трагично во вториот месец од оваа година почина во хотелска соба во Удине, ден пред натпреварот во Серија А на својата Фиорентина против Удинезе.

Имаше 31 година, а како официјална причина беше наведена брадикардијата во сон (намалување на бројот на отчукувања на срцето). Сепак, денеска „Кориере дело спорт“ наведува дека обдукцијата покажала дека причината за смрта на Астори е сепак сосема поинаква. Тврдењата на весникот се дека починал од тахикардија, односно забрзана работа на срцето над физиолошки издржливи граници.

Најновите наоди зборуваат дека Астори не починал во сон и дека можел да биде спасен да имало некој со него во хотелската соба кој навремено би ги алармирал лекарите. Токму поради тоа обвинителството би можело да отвори нова истрага околу неговата смрт.

„Не може, сепак, уште ништо да предвидам. Оставете простор, па ќе има нова информација за целиот случај“ – вели јавниот обвинител од Удине, Антонио Ди Николо.

Се вчитува...