Обединетите Арапски Емирати нудат пријателски меч за Македонија во декември

Селекцијата на Обединетите Арапски Емирати и нуди гостување на фудбалската репрезентација на Македонија во средината на декември, како можност за уште еден пријателски натпревар на самиот крај од оваа 2017 година. Можно е Норвешка да не биде последен тест, а конечната одлука треба да ја донесе селекторот Игор Ангеловски во наредните денови, откако ќе ги консултира и македонските клубови.

Мечот треба да се одигра на 16 декември во Абу Даби непосредно по завршувањето на есенскиот дел од македонското првенство, кога фудбалерите се уште ќе бидат во натпреварувачки ритам. Сепак, јасно е дека селекторот Ангеловски најмногу би се потпрел на фудбалери од домашниот шампионат, со оглед дека најголем дел од лигите во Европа се уште ќе имаат активен натпреварувачки календар.

Се вчитува...