Обид за киднапирање на фудбалер на Фиорентина, избегал во последен момент

Двајца Срби се уапсени во Белград под обвинение за обид за киднапирање на фудбалерот на Фиорентина, Алекса Терзиќ.

Ауди со двајцата српски државјани се судрило намерно со БМВ-то на 20-годишниот фудбалери. Двајцата киднапери се обиделе на сила да го внесат Терзиќ во гепекот на нивниот автомобил, но српскиот фудбалер успеал да се одбрани и да им избега. Случајот веднаш го пријавил во полиција откако киднаперите со неговиот автомобил потоа избегале во непознат правец. Не долго потоа и двајцата се уапсени.

Терзиќ е младински репрезентативец на Србија. Во Фиорентина, за 1,5 милиони евра, се пресели од редовите на Црвена Звезда каде ги минал сите младински категории.

Се вчитува...