Обид за убиство во Ливерпул – еден навивач во критична состојба

Дуелот меѓу Ливерпул и Рома во полуфиналето од Лигата на шампионите имаше и трето полувреме меѓу навивачите на двата тима. Еден 55-годишен навивач на Ливерпул е тешко повреден и се наоѓа во критиочна состојба по судирот со навивачите на Рома пред „Енфил“. Двајца навивачи на италијанскиот тим се обвинети за обид за убиство.

По завршувањето на мечот се судриле две групи од 35-40 навивачи на гостинскиот тим со неколку поддржувачи на Ливерпул, при што Италијанците користеле и чекани.

Повредениот навивач на Ливерпул со сериозни повреди на главата, а седум навивачи на Рома се уапсени. Двајца од нив на возраст од 25 и 26 години се обвинети за обид за убиство.

Се вчитува...