Обилните дождови и поплавените терени одложија два меча во Втората лига (ФОТО)

Два натпревари од денешното 13. коло во Втората македонска фудбалска лига се одложени поради обилните дождови главно во северо-западниот дел од Македонија.

Поради поплавените терени, и неможност за регуларно одигрување на натпреварите, одложени се натпреварите меѓу Скопје и Осогово во Автокоманда и Беса и Тетекс во Добридол.

И двата натпревари ќе се одиграат во понеделник (27. ноември) од 13 часот.

Се вчитува...