Објаснето недоразбирањето: Меси не купил авион вреден 15 милиони евра

Шпанските медиуми објавија дека Лионел Меси, одлучувајќи да си се почести, купил авион од 15 милиони евра. Притоа целокупната таа приказна ја поткрепија и со фотографии од авионот дизајниран посебно за аргентинскиот фудбалер.

Но, само неколку дена потоа следи демантот од самиот Меси. „Мундо депортиво“ објавува дека е лажна веста дека Меси си купил авион вреден 15 милиони евра.

Вистината е дека Меси само изнајмил еден од авионите на аргентинска компанија за пократок период за услугите на неговото семејство, но авионот бил вратен по само неколку недели.

Самата компанија се потрудила Меси и неговото семејство да се чувствуваат пријатно па самоиницијативно го „украсиле“ со името на Лео и членовите на неговото семејство.

Се вчитува...