Објавен распоредот: Ноле откри на кои три турнири ќе учествува во март и април

Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ го објави распоредот на турнирите на кои ќе игра во пролетниот дел од сезоната. Враќањето на теренот на српскиот тенисер, по освојувањето на Австралија опен, ќе биде на Мастерсот во Мајами од 24. март до 4. април.

По крајот на турнирот во Флорида, каде Новак освои шест трофеи, оваа сезона ќе игра и на земја, на Мастерсот во Монте Карло (11-18 април), кој го освои двапати. Последен пат на овој турнир настапи во 2019 година, а тогаш загуби од Медведев во четвртфиналето.

Конечно, Ѓоковиќ ќе биде и дел од Србија опен (19-25 април). Турнирот од Серија 250 по девет сезони се враќа во Белград и ќе се одржи во тенискиот центар „Новак Ѓоковиќ“. Светскиот рекет број 1, за потсетување, беше најдобар во главниот град на Србија двапати, во 2009 и 2011 година.

Се вчитува...