Објавена е листата од 30 кандидати за Златната топка во 2026 година. Франс Фудбал ги претстави имињата на играчите кои се натпреваруваат за најпрестижната индивидуална награда во фудбалот, меѓу нив ќе се бара и наследникот на минатогодишниот добитник Осман Дембеле.
Доделувањето на наградата „Златна топка“ ќе се одржи на 26 октомври во Лондон, што ќе биде првпат во историјата церемонијата да се одржи надвор од Париз.
Овогодинешното издание ќе биде 70-то доделување на наградата, која ја доделува Франс Фудбал од 1956 година. Да ве потсетиме дека во изборот за Златната топка се избира најдобриот фудбалер во текот на последната сезона, односно во текот на сезоната 2025/2026.
OUR 2026 MEN’S BALLON D’OR NOMINEES! #ballondor pic.twitter.com/GQFsH5u5lO
— Ballon d’Or (@ballondor) September 8, 2026
Список на номинирани играчи за „Златна Топка“:
Џуд Белингам (Реал Мадрид – Англија)
Пау Кубарси (Барселона – Шпанија)
Марк Кукурела (Челси – Шпанија)
Осман Дембеле (ПСЖ – Франција)
Луис Дијаз (Баерн Минхен – Колумбија)
Бруно Фернандес (Манчестер Јунајтед – Португалија)
Габриел Магаљаес (Арсенал – Бразил)
Ерлинг Халанд (Манчестер Сити – Норвешка)
Хари Кејн (Баерн Минхен – Англија)
Ашраф Хакими (ПСЖ – Мароко)
Ламин Јамал (Барселона – Шпанија)
Хвича Кварацкелија (Пари Сен Жермен – Грузија)
Маркињос (ПСЖ – Бразил)
Садио Мане (Ал Наср – Сенегал)
Лаутаро Мартинез (Интер – Аргентина)
Килијан Мбапе (Реал Мадрид – Франција)
Нуно Мендес (ПСЖ – Португалија)
Лионел Меси (Интер Мајами – Аргентина)
Мајкл Олисе (Баерн Минхен – Франција)
Жоао Невес (ПСЖ – Португалија)
Вилијан Пачо (ПСЖ – Еквадор)
Џулијан Кинонес (Ал Кадсија – Мексико)
Деклан Рајс (Арсенал – Англија)
Родри (Манчестер Сити – Шпанија)
Фабиан Руиз (ПСЖ – Шпанија)
Феран Торес (Барселона – Шпанија)
Вилијам Салиба (Арсенал – Франција)
Дајо Упамекано (Баерн Минхен – Франција)
Винисиус Јуниор (Реал Мадрид – Бразил)
Витиња (ПСЖ – Португалија)
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
