Објавена последната снимка од Марадона – Мало детенце се израдува што го виде идолот (ВИДЕО)

Најголемиот фудбалер на сите времиња, Диего Армандо Марадона почина во средата во Аргентина на 60 годишна возраст.

Иако првобитно беше објавено дека славниот Аргентинец почина од срцев удар, обдукцијата покажа дека починал од акутна, конгестивна и хронична срцева инсуфициенција која е предизвикана од слабатта работа на срцето.

Пред 20 дена Марадона беше на операција на мозокот, а докторот кој се грижеше за него Леополд Луке објави заедничка фотографија со асот, која предизвика лавина реакции кај најблиските.

Од тој период е објавена и последната снимка на легендарниот Аргентинец. Сосед го снимил како се враќа дома откако е пуштен на домашно лекување. Едно момче го довикуваше, а Марадона кој имаше проблеми при движењето му возврати со мавтање со што го израдува момчето.

 

 

Се вчитува...