Објавена „црната листа“ на Реал Мадрид: Модриќ, Марсело, Бејл, Јовиќ…

Реал Мадрид е подготвен за големи промени во летниот преоден рок. Кралскиот клуб се подготвува за голема распродажба. Постои можност некои од големите ѕвезди да заминат од тимот.

Шпански „Спорт“ носи „црна листа“ на фудбалери за кои наредната сезона нема да има место на Сантијаго Бернабеу. Дури 11 фудбалери наводно би можеле да бидат продадени. Меѓу нив Лука Модриќ, Лука Јовиќ, а на листата се и Герет Бејл, Хамез Родригез и Марсело. Останатите фудбалери на листата се Мариано Дијаз, Едер Милитао, Брахим Диаз, Ареола, Алваро Одриозола и Лукас Васкез.

Според најавите, Флорентино Перез веќе подготвува замени за овие фудбалери. Планирано е доведување најмалку пет атрактивни имиња.

Се вчитува...