Француската јавноста остана помалку шокирана, во моментите на глобалната економска криза, по објавените месечни плати на фудбалерите на еден од најдобрите европски клубови, ПСЖ.
Нереални бројки фигурираат како месечни исплати за фудбалерите од кои „боли глава“. Секако, најплатен фудбалер на ПСЖ е Килијан Мбапе кој минатото лето потпиша нов договор, и на месечно ниво сега заработува неверојатни шест милиони евра.
Нејмар и Лионел Меси се веднаш зад него на листата со 3,675 милиони евра месечно, односно 3,375 милиони евра. Меѓу милионерите на месечно ниво се и бразилскиот дефанзивец Маркињос со 1,2 милиони евра, Марко Верати со 1,2 милиони евра и Ашраф Хакими кој заработува – 1,083 милиони евра месечно.
Но, ПСЖ, токму поради огромните трошоци како и притисокот од јавноста ова лето планира кратење на трошоците. Па, извесно е дека Лионел Меси и Серхио Рамос ќе го напуштат клубот.
Треба да се истакне дека и тренерот на клубот е убедливо најплатен во Лига 1. Искусниотстратег има огромни 665.000 евра месечна плата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА