Објавени протоколите за тренинзи: Спортистите да не користат соблекувални, петмина вежбаат со еден тренер

Индивидуалните спортови добија дозвола од Владата да почнат со тренинзи, но ќе мора да ги почитуваат пропишаните протоколи. Во спортските објекти ќе може да се тренира ако има услови за физичко растојание од 5 метри помеѓу спортистите, односно за секој спортист да има простор од 20 метри квадратни, а во една сала ќе може да бидат најмногу 5 лица. Пред секој тренинг ќе мора да се мери температура и оние кај кои е покачена нема да може да тренираат.

Пропишано е да се води и строга евиденција на распоредот на тренинзи за да може да се следат контактите, а по завршувањето на тренинзите се забранува туширање во спортските објекти и користење на соблекувалните.

ПРОТОКОЛ ЗА ТРЕНИНГ НА СПОРТИСТИ ВО ПОЕДИНЕЧНИ СПОРТОВИ

1. Организацијата на тренинзите е дозволена единствено во спортски објекти кои можат да ги задоволат техничките и сигурносни услови со можност за физичко растојание од 5м помеѓу секој спортист, односно да е обезбеден простор од 20м2 по спортист со организација на тренингот за најмногу 5 лица вклучително и еден тренер со минимален број на технички лица (најмногу две лица)
2. Во спортскиот објект да се обезбедат сите санитарно хигиенски услови
3. Да се воспостави евиденција за тренингот со податоци за спортистите, тренерот, асистентот и други лица потребни за тренингот заради лесно следење на контактите
4. Тренинзите се организираат по претходно направен распоред за време на тренинзи со список на спортисти и тренери
5. Пред почеток на тренингот се прави термален скрининг и се забранува тренинг на лице со покачена температура и истото се отстранува
6. Во случај на потреба на здравствен работник на тренингот при близок контакт со здравственото лице мора се користат заштитни маски, ракавици и визир од страна на здравствениот работник
7. Спортистите и тренерите доаѓаат на тренинг поединечно со свое возило и опрема и во опрема за тренинг со што се избегнува користење на соблекувалните
8. Во текот на тренингот се препорачува растојание од 5м помеѓу секој спортист и тренер како минимално растојание
9. Тренингот да се обавува на отворен простор
10. По завршување на тренингот опремата за тренинг и реквизити се дезинфицираат со средство кое е 70% на база на алкохол
11. Тренинзите во контактните спортови се препорачува секогаш да се одвиваат по принцип „ист спортист со ист тренер“
12. Секој спортист мора да има сопствено со име обележано шише со напитоци
13. По завршување на тренингот спортистите и тренерот заминуваат дома поединечно без туширање и без влегување во соблекувалните почитувајќи ги мерките за физичко растојание, еден по еден

ПРОТОКОЛ ЗА ОТВОРАЊЕ И РАБОТА НА УПЛАТНО-ИСПЛАТНИ МЕСТА НА ПРИРЕДУВАЧИТЕ НА ИГРИ НА СРЕЌА ВО ОБЛОЖУВАЛНИЦА

1. Користење на заштитна опрема, маски и ракавици од страна на сите вработени на уплатно – исплатните места.
2. Одржување на физичко растојание од 2 метри помеѓу присутните играчи во просторијата.
3. Влез со маски за сите играчи
4. На масите поставени на уплатно-исплатните места има само по две столчиња
5. На шалтер присутен по еден играч со растојание од 2 метра со играчот кој следен чека за уплата
6. Средства за дезинфекција поставени на влезовите од обложувалниците и на пултовите за уплата
7. Шанковите во рамките на уплатните места се без можност за послужување на пијалоци
8. Задолжително редовно вршење на дезинфекција на маси и столици и остаток од инвентар со дезинфекционо средство кое делува на вируси според упатство од производителот
9. На крајот на смената задолжително механичко чистење и дезинфекција со средство кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или 70% алкохол за дезинфекција на горни површини
10. Редовно одржување на тоалетите со задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење и употреба на горенаведените дезинфекциони средства

Се вчитува...