Облак: Одигравме многу слабо и не заслуживме ниту реми

Фудбалската репрезентација на Македонија оствари голем триумф (2-1) против Словенија и ги зголеми надежите за пласман на ЕП 2020 преку групата. Елиф Елмас успеа двапати да го совлада словенечкиот голман Јан Облак, кој по натпреварот призна дека македонската селекција беше подобра и го заслужи триумфот.

„Секако дека сум разочаран од поразот, но овојпат не заслуживме ништо повеќе. Не заслуживме ниту реми. Имаат право фановите да се разочарани од нашето издание, а ние треба да се издигнеме и на следниот меч да ја победиме Австрија. Не бевме подобри ниту во првиот дел, иако заврши 0-0. Едноставно не заслуживме ништо од овој меч, одигравме многу слабо“, изјави Јан Облак по синоќешниот меч против Македонија на арената „Тодор Проески“.

 

Се вчитува...