Обрадовиќ: Благодарност на навивачите за спектаклот, МЗТ покажа дека е тим со карактер

Жељко Обрадовиќ имаше причина за задоволство откако неговиот тим рутински стигна до победата над МЗТ Скопје, враќајќи си ја самодовербата по очајното издание и поразот од Алба на стартот од евролигашката сезона.

Стратегот на Партизан на прес-конференцијата јавно им се заблагодари на навивачите за атмосферата во која се одигра овој натпревар, а имаше и пофални зборови за МЗТ Скопје.

„Сакам пред се да се заблагодарам на навивачите на двата тима и на домаќинот, за одличната атмосфера во кој го игравме мечот. Го отворивме дуелот со агресивна игра, си создадовме предност што беше одлучувачка и што знаевме како да ја задржиме. По она што ни се случи пред неколку дена, сега се покажавме во далеку подобро светло и се надевам дека ќе бидеме уште подобри во иднина. Најсериозно се подготвивме за МЗТ Скопје, ова е само почеток на сезона и тешко е да се анализира и да се прогнозира. Сепак, МЗТ е тим што и денеска покажа дека е екипа што знае како да игра до самиот крај. Во ниту еден момент мечот не изгледаше како завршен, МЗТ се бореше и покажа карактер“, изјави Жељко Обрадовиќ.

Се вчитува...