Обрадовиќ добива сериозно засилување – Жофри Ловерњ во Фенербахче

Кошаркарот на Сан Антонио, Жофри Ловерњ следната сезона ќе го носи дресот на турски Фенербахче, пренесува ЕСПН.

Сан Антонио ја одбил можноста и натаму да исплаќа 1,6 милиони долари за Ловерњ, кој кариерата ја продолжува во Фенербахче. Ловерњ претходните три сезони ги мина во НБА лигата.

Поранешниот кошаркар на Денвер, Оклахома, Чикаго, но и белградски Партизан сега повторно се враќа на Стариот континент.

Жељко Обрадовиќ добива сериозно засилување под обрачите. откако Џејсон Томпсон не успеа комплетно соодветно да одговори на оваа позиција.

Се вчитува...