Обрадовиќ е господин: Трифуновиќ се изглупира, го пратив кај „црвено-белите“ за да им се извини

Партизан лесно и убедливо го совлада вечниот ривал Црвена Звезда и обезбеди мајсторка во финалето на АБА-лигата. Победата на „црно-белите“ во ниту еден момент не беше доведена во прашање, но тоа не значеше дека дербито ќе мине без инцидент, откако Урош Трифуновиќ прослави еден погоден шут непосредно пред Дејан Радоњиќ и клупата на Црвена Звезда, предизвикувајќи бурна реакција од „црвено-белите“.

Стратегот на Партизан, Жељко Обрадовиќ, уште еднаш ја покажа својата човечка и кошаркарска големина, обелоденувајќи дека по мечот го испратил Трифуновиќ во соблекувалната на Црвена Звезда за да им се извини на противниците за непромислениот потег.

„Трифуновиќ страшно погреши со онаа реакција, без разлика дали бил испровоциран или не. Во истиот момент кога тоа се случи јас му пријдов на Дејан Радоњиќ и му се извинив. По натпреварот му реков на Трифуновиќ да отиде во соблекувалната на Црвена Звезда и заедно со Загорац искрено да се извини за она што го стори. Она што ми го кажаа, играчите на Црвена Звезда го прифатиле извинувањето“, истакна Обрадовиќ.

Се вчитува...