Обрадовиќ: Горд сум на кошаркарите, Реал има 11 играчи кои играле во НБА

Партизан првпат загуби од Реал Мадрид во четвртфиналната серија во Евролигата. Во Белград синоќа кошаркарите на шпанскиот тим го совладаа белградскиот тим, и така останаа во игра за пласман во Ф4, намалувајќи на 2-1 во серијата.

Тренерот на „црно-белите“ Жељко Обрадовиќ зборуваше за многу работи кои влијаеја на резултатот. Тој кажа дека Ексум играл повреден, и дека на повреда се жалел и Аврамовиќ.

„Тука се појавија разни шпекулации, и го замолувам нашиот доктор да покаже како изгледаше прстот на Ексум во Мадрид. Тоа беше катастрофа. Се жалеше на повреда и Аврамовиќ. Кај нас недостасуваше тој „екстра пас“. Тоа не краси како тим, а ние го немавме. Игравме некако забавано. Но, јас сум горд на моите кошаркари. Игравме добро, а пред натпреварот најавив дека дури 11 играчи на Реал играле во НБА. Имаат луксуз да бираат кој ќе игра. Немам причина да не верувам во моите кошаркари. Знам дека ќе имаат ветер во грб од нашите навивачи. Ќе гледаме видео, тоа ќе им помогне на играчите да видат кој каде грешел. Имаше моменти кога Реал доаѓаше до лесни поени. Јас секогаш велам дека фаул е големо оружје кај играчите и треба да се користи паметно“, рече Обрадовиќ.

Се вчитува...