Обрадовиќ и Ивановиќ едногласни: Ова дерби ќе биде добар натпревар

Првото српско вечно дерби ќе биде одиграно денеска од 20 часот во АБА лигата кога Црвена Звезда ќе го пречека Партизан. „Црвено-белите“ немаат пораз од градскиот ривал цели седум години кога се во прашање натпреварите одиграни пред своите навивачи па ќе биде интересно дали најтрофејниот тренер во историјата на евопските натпреварувања ќе успее да го најде потребниот рецепт за „црно-бело“ славје.

Во битката на теренот во центарот на вниманието ќе бидат и двата српски стратези Душко Ивановиќ на едната и Жељко Обрадовиќ на другата страна кои најавуваат интересен меч.

„Партизан оваа година направи искучително добар тим. Напаѓачки тим со најголем потенцијал и во нападот во овој момент е најдобар тим во Европа. Со самото тоа мораме да одиграме исклучително добро во одбраната за победа во првиот натпревар“, вели Ивановиќ.

„Првото дерби во низа кое ќе го одиграме оваа година. Промената на тренерот покажа дека се вратија во колосек, дека играат многу добро и никогаш ниту еден натпревар против Црвена Звезда не е лесна. Специјален натпревар, сите го знаеме тоа. Се подготвуваме да одиграме најдобро што можеме. Кој и да е во нашата екипа, мораме да дадеме се од себе. На последните два натпревара беше јасно дека на моменти играме многу добро, а на моменти слабо и без концентрација. Мораме да одиграме во континуитет ако сакаме добар натпревар“, вели Обрадовиќ.

Се вчитува...