Обрадовиќ: Имаме проблем кој долго го влечеме

Големата резултатска криза за Партизан продолжува и по натпреварот во Франција против Асвел во кој „црно-белите“ повторно потфрлија во завршницата па го претрпеа петтиот пораз во низа во Евролигата.

На осум секунди пред крајот на мечот при резултат 87-87, Папапетру направи лош прекршок над Де Коло и покрај инструкциите на Жељко Обрадовиќ да не се прави фаул, а искусниот Французин не ја пропушти шансата да го донесе својот тим во водство.

Притоа во последниот напад Партизан не упати ни обид кон противничкиот кош, туку ја загуби топката, а најтрофејниот европски стратег по мечот не го криеше незадоволството од новата лоша завршница.

„Прекршокот над нивниот најдобар шутер беше многу значаен момент. По него се обидовме да реагираме со тајмаут, но не упативме ни шут. Исто како против Цедевита, ист проблем, не упативме шут. Генерално и покрај тоа што не победивме, се боревме силно на теренот, но не беше доволно. Ова е проблем кој го влечеме веќе подолго време. Тешко ни е на сите“, изјави Србинот.

Се вчитува...