Обрадовиќ ја доведе во прашање желбата, страста, мотивацијата кај кошаркарите на Партизан

Партизан загуби на гостувањето од Баерн Минхен во синоќешниот натпревар во Евролигата што покрена бројни прашања околу игрите на „црно-белите“ и мотивацијата на играчите сезонава за настапите во елитното европско клупско натпреварување.

Јасно е повеќе ниту трофејниот тренер Жељко Обрадовиќ не може до бескрај да „урлика“ покрај аут линијата како би ја покренал екипата. Потребно е очигледно самите кошаркари да ја пронајдат енергијата во себе на секој меч. А, тоа изостанува…

„Да, прашањето за мотивацијата на тимот е навистина добро, но тоа е прашање за играчите. Тие треба да разберат дека некои ситуации се работа на желба, на страст, на енергија. Да бидеш малку похрабар и поодлучен и да бидеш во функција на тимот. Но, оптимисти сме дека ќе биде подобро“ – беше пораката на Обрадовиќ кон играчите по синоќешниот пораз, а која ја сподели преку медиумите.

Се вчитува...