Обрадовиќ: Јас ги бирав играчите, јас сум виновен за кризата на Фенербахче

Фенербахче е најголемо разочарување на стартот од сезонава, по првите пет кола од Евролигата турскиот гигант има четири порази, а тренерот Обрадовиќ никако не успева да ги вклопи новите кошаркари во системот на игра што го претпочита. На последниот меч со Макаби повторно проблем беше нападот, „сино-жолтите“ постигнаа очајни 55 поени (67-55), а Обрадовиќ по средбата ја презеде одговорноста за слабите игри и резултати на почетокот од оваа сезона.

„Сите ги гледате кошаркарите, ги знаете добро и сите знаеме дека ова не е нивното ниво. Значи – тренерот е виновен, моја работа е да играат подобро, секој од нив поединечно и сите заедно како тим. Впрочем, ова е мојот тим, јас ги бирав кошаркарите и сметам дека е нормално да ја преземам одговорноста“ – истакна Обрадовиќ.

Шанса за поправен трофејниот стратег и неговите избраници ќе имаат веќе утре, на домашниот дуел против Жалгирис.

Се вчитува...