Обрадовиќ: Мило ми е што Истанбул не ги заборави седумтте неверојатни години (ВИДЕО)

Жељко Обрадовиќ имаше триумфално враќање во „Уклер Арената“ на Фенербахче каде со својот Партизан славеше минимално во неизвесна завршница.

На местото каде што ја освои последната од неговите девет титули во Евролигата, воедно и првата за турскиот состав во елитното натпреварување, српскиот стратег беше пречекан со овации, а по мечот им се заблагодари на навивачите за љубовта.

„Сакам да се заблагодарам на сите во Фенербахче. Сите во клубот препознаа што направивме во последните неколку години. Горд сум што седумтте години поминати во Истанбул не беа заборавени. Ова беше посебна ноќ за мене и сакам да се заблагодарам на навивачите што ми покажаа љубов каква што чувствував сите овие години“, изјави Обрадовиќ.

Се вчитува...