Обрадовиќ не смета на Кабокло – Бразилецот место во НБА ќе заврши во…

Бразилскиот кошаркар Бруно Кабокло ќе стане нов член на тимот на Хапоел Тел Авив, по неуспешната сезона во дресот на Партизан.

Тренерот на „црно-белите“ Жељко Обрадовиќ пред почетокот на подготовките изјави дека повеќе не смета на Кабокло, особено по различните несогласувања што Бразилецот ги имаше со клубот.

Бруно беше казнет од Партизан поради нелегално напуштање на тимот кон крајот на минатата сезона. Потоа истакна дека сака да се врати во тимот и следната сезона да биде член на црно-белиот тим, но на крајот тоа не се случи.

За Кабокло беа заинтересирани бројни клубови меѓу кои и некои од НБА лигата, но Хапоел беше најконкретен од стартот, па Бразилецот конечно реши да ја прифати понудата од Тел Авив.

Партизан од овој трансфер ќе заработи 500.000 евра.

Се вчитува...