Обрадовиќ: Ова е неприфатливо, но мора да има ист критериум и за Партизан и за Звезда

Скандарлите на АБА финалето продолжија и на третиот финален натпревар во кој на минута пред крајот на мечот судиите го напуштија теренот откако беа погодени со предмети од страна публиката. Прекинот траеше 45 минути, а по празнење на дел од салата натпреварот продолжи за минимална победа на Партизан.

По натпреварот се огласи тренерот на Партизан, легендарниот Жељко Обрадовиќ кој апелираше до навивачите на ги смират страстите и да нема вакви ситуации во иднина, но критериумот да се користи и за Партизан и за Црвена Звезда.

„Од првиот ден апелирав на некои работи, да се смират страстите, да се игра кошарка. Тоа им го кажав на навивачите и кога го земав микрофонот. Ова е сериозно првенство, а за да биде сериозно мораат да се почитуваат актерите на натпреварот, играчите и сите останати кои се на клупата. Денеска судиите донесоа одлука да се испразни дел од трибините и беа апсолутно во право, но зошто тоа не се случи на претходниот меч? Сигурноста на играчите и сите на клупата е најважна работи, зошто критериумот беше различен?, вели легендарниот стратег кој потоа продолжи

„Апелирам до навивачите на Партизан, на секој следен натпревар, вакви случаи повеќе да нема. Да му дозволат на противникот да игра. Оваа слика го заобиколува светот, исто како и сликата од пред три дена. Што ќе мислат луѓето за нас, што ќе се говори? Голем срам е тоа што се случуваше пред три дена, како и вечерва“.

Финалето на најсилното регионално првенство продолжува во петок со четвртиот натпревар во кој Црвена Звезда може да стигне до трофејот, а Партизан да избори „мајсторка“.

Се вчитува...