Обрадовиќ: Ова е нешто најлошо што може да и се случи на кошарката и не смее да се повтори

Српскиот тренер Жељко Обрадовиќ говореше за мечот меѓу Панатинаикос и Фенербахче во кој грчкиот клуб пред празни трибини во ОАКА арената го совлада турскиот тим со 81-78. Обрадовиќ цели 13 години беше на клупата на Панатинаикос, а сега беше разочаран бидејќи со Фенербахче гостуваше пред празни трибини, поради казната од еден натпревар.

„Играње без навивачи е една од најлошите работи во кошарката. Се надевам дека тоа веќе никогаш нема да се случи на ниту еден терен. На тоа мораме да размислуваме на сите нивоа, бидејќи нашата игра без луѓето нема поента“, ијзави Обрадовиќ. 

Фенербахче е во очајна форма сезонава, а по четиринаесет натпревари во елитното натпреварување има само пет победи.

Се вчитува...