Обрадовиќ: Ова нема никаква врска со кошарка, АБА треба да овозможи нормални услови за игра

Црвена Звезда ја одбрани титулата во АБА-лигата откако во „мајсторката“ во финалето славеше со 80-77 против Партизан за трумф од 3-2 во серијата.

Но, и последниот меч од финалето уште една ги покажа сите негативности во организацијата на овие натпревари кои завршуваа со вистински драми, прекини и празненања на салите.

И покрај неуспехот да стигне до трофејот, Жељко Обрадовиќ најави дека останува и натаму на клупата на Партизан во желбата за титула следната сезона, но истакна дека мора да се менуваат некои нешта ако се сака регуларност на регионалното натпреварување.

„Без разлика на условите и околностите во кои се играше кошаркара секако и честитам на Црвена Звезда за освоената титула. Но, ова е далеку од спортски натпревари кога имате по четири натпревари на секој натпревар, со постојани прекин, продолжувања… Оваа финална серија нема никаква врска со кошарка, но како вистински спортист, секогаш ќе му честитам на ривалот“ – вели Обрадовиќ и дополнува:

„Од челниците на АБА-лигата зависи дали некогаш ќе создадеме нормални услови за играње кошарка. Мора да се постават јасни правила, прво опомена, а потоа веднаш исфрлање од сала.Кога се вратив тука, ми кажаа дека треба да очекувам сешто, но многу работи ме изненадија. Верувам дека некои ќе бидат среќни ако си одам, но јас многу го сакам Партизан и уште гледам простор за наш напредок“.

Се вчитува...