Обрадовиќ: Партизан е фаворит пред таква публика

Двојното коло во Евролигата ни носи суперинтересен натпревар во Беглрад каде силите ќе си ги одмерат Партизан и Монако утревечер со почеток од 20 часот и 45 минути. Овој натпревар е од големо значење за двата тима кои се наоѓаат во „густиот“ дел од табелата со само две победи разлика помеѓу второто и четиринаесеттото место.

И покрај тоа што Монако влегува во средбата со подобар биланс, тренерот на францускиот тим, спрпскиот стартег Саша Обрадовиќ смета дека фаворитската улога му припаѓа на Партизан, поготово пред домашните навивачи познати по пеколната атмосфера.

„Ќе имаме многу тешка и напорна недела. Партизан има предност бидејќи игра пред своите навивачи кои ќе реагираат на секоја акција. Ова ќе биде натпревар кој ќе бара многу енергија. Во однос на претходната сезона Партизан доби нови засилувања, а сега може да смета и на Кевин Пантер кој се вфати од повреда. Повредите во финишот против Фенербахче и Панатинаикос им дадоа многу самодоверба“, изјави Обрадовиќ.

Се вчитува...