Обрадовиќ повеќе не е рекордер на Евролигата во една категорија

Наградата за најдобар тренер на сезоната во Евролигата му припадна на Јоргос Барцокас со што грчкиот стратег стигна до признанието број три од овој вид и се изедначи со српскиот стратег Жељко Обрадовиќ на вечната листа.

Деветкратниот шампион на Евролигата признанието за најдобар тренер на сезоната го освојуваше два пати како тренер на Панатинаикос и еднаш како тренер на Фенербахче, додека неговиот грчки колега три пати како предводник на Олимпијакос.

Интересно, и оваа сезона Обрадовиќ беше кандидат за престижната награда откако направи чудо со својот Партизан предводејќи ги „црно-белите“ до разигрувањето за титула каде сепак српскиот тим не успеа да го елиминира Реал Мадрид и покрај водството од 2-0 во четвртфиналната серија.

Се вчитува...