Обрадовиќ се сретна со еден од ретките луѓе на кои им се поклонува

Најдобриот европски тренер во историјата, Жељко Обрадовиќ вчера поведе со 1-0 со својот Партизан во полуфиналната серија во плеј-офот во АБА лигата против црногорскиот тим на Будуќност.

Во текот на денешниот ден на српските медиуми се појави фотографија на која популарниот Жоц му се поклонува на човек, кој не се гледа најдобро на фотографијата кој е.

Се работи за Радомир Михајловиќ Точак,  членот на српската рок-група „Смак“ , кој често влегува во дебата со нашиот Влатко Стефановски за тоа кој е најдобриот гитарист кој некогаш се појавил на овие простори.

Токму Точак е еден од ретките луѓе на кои им се има поклонето најдобриот тренер во историјата на кошарката.

Се вчитува...