Обрадовиќ седна на клупата на Монако

Управата на Монако денеска ја прекина соработката со тренерот Звездан Митровиќ, кој ја плати цената по „црната серија“ од пет порази во Евролигата. Згора на тоа, Митровиќ имаше чести конфликти со првата ѕвезда на тимот, Американецот Мајк Џејмс, кој на две средби самоиницијативно порано си замина кон соблекувалната.

Челниците на клубот утрово ја официјализираа разделбата од Митровиќ, а неколку часа подоцна го објавија и името на новиот тренер. Станува збор за Србинот Саша Обрадовиќ, кој се враќа назад во тимот што го водеше од 2019 до 2020 година. Обрадовиќ ја почна ланската сезона на клупата на Црвена Звезда, каде по неколку месеци доби отказ, по што беше без ангажман се до денешниот договор со Монако.

„Клубот расте, имаше одлични резултати минатата сезона. Монако многу инвестираше во овој период и мислам дека пред нас е светла иднина“, изјави Саша Обрадовиќ по потписот на договорот“, изјави Обрадовиќ.

Се вчитува...