Обрадовиќ со молба до „Гробари“: „Да покажеме вистинско гостопримство, Реал да го пречекаме со убава слика за Белград“

Тренерот на белградски Партизан, Жељко Обрадовиќ уште еднаш ги повика сите навивачи на црно-белите во вторник од дуелот со Реал Мадрид, третиот од четвртфиналната пресметка во Евролигата, да испратат до Европа и светот навистина убава слика.

Обрадовиќ се појави и со еден вид молба, ниту еден член на Реал Мадрид да не се чувствува непријатно пред, за и после мечот во Белград.

„Што јас би сакал – да нашите навивачи разберат дека сето ова е само спорт. Кошаркарите зборуваа меѓу себе и на тоа треба да се заврши. Ние на тие два натпревари наидовме на феноменално гостопримство од Реал во Мадрид. Мислам дека и ние во Белград тоа треба да го возвратиме, ниту еден играч, член на стручен штаб или навивач на Реал да не се чувствува непријатно, туку од Белград да испратиме слика каква секогаш досега била на нашите натпревари“ – истакна Обрадовиќ.

Партизан има предност од 2-0 во серијата, по победите во двата меча во Мадрид, но јасно е дека тензиите сега се на високо ниво по несаканиот инцидент на крајот од вториот натпревар. Третиот меч меѓу двете екипи во серијата на програмата е во вторник од 20:30 часот во „Штарк арена“ во Белград.

Се вчитува...