Обрадовиќ: Србија е светост, против Олимпијакос ќе играме со осум-девет кошаркари

Партизан влезе во одличен ритам во Евролигата, откако „црно-белите“ славеа на гостувањето против Панатинаикос, врзувајќи три победи во низа во елитното европско натпреварување.

Жељко Обрадовиќ има причина за задоволство, особено ако се знае дека Партизан во Атина покрај Смајлагиќ и Аврамовиќ, настапи и без Нанели, но и со значително ослабен состав успеа да стигне до пбоедата.

„Тоа беше одличен натпревар. Одигравме две различни полувремиња, во првото бевме трпеливи и наоѓавме решенија, во второто ПАО се бореше до крај, а ние направивме доста грешки. Сепак, во финишот донесовме некои паметни одлуки и заслужено победивме. Им честитам на моите кошаркари, но и на Панатинаикос, тоа беше одличен натпревар“, изјави Обрадовиќ.

Партизан следната седмица повторно ќе гостува во Грција, овојпат на тимот на Олимпијакос, а „црно-белите“ ќе бидат дополнително ослабени поради одлуката на Обрадовиќ тројцата српски репрезентативци, Анѓушиќ, Трифунови и Копривица, да заминат со националниот тим за клучните натпревари против Велика Британија и Турција во квалификациите за СП.

„Тие ќе играат за репрезентацијата, затоа што репрезентацијата на Србија е светост. Ние со 8-9 кошаркари ќе се подготвуваме за Олимпијакос. Ја разбираме ситуацијата, колку е ова важен момент за националниот тим. Целата приказна е многу едноставна – најдобрите кошаркари треба да играат за репрезентацијата на Србија“, прокоментира најдобриот европски кошаркарски тренер.

Се вчитува...