Обрадовиќ: Тешко ми е, знам колку луѓето го сакаат Партизан, а ние губиме…

Жељко Обрадовиќ беше крајно разочаран по новиот пораз на Партизан, трет во низа во Евролигата, овојпат на домашен терен од Валенсија. Шпанскиот тим барем на хартија беше ривал што „црно-белите“ треба да го победат, но избраниците на Обрадовиќ во драматичен меч по продолжение ја загубија битката за триумф.

Падот во формата на Партизан е очигледен, но Обрадовиќ е дециден дека причините мора да се бараат во бројните повреди што го мачат српскиот гигант од стартот на сезонава.

„Реков и после поразот од Црвена Звезда, наш единствен проблем е што немаме тренинг како што треба. А не можеме да имаме поради повредите, цело време некој се мачи со најразлични проблеми и не можеме да истренираме како што треба. Лесор дојде на дуелот со Валенсија со само еден тренинг во последните денови, сега на повреда се жали и Ексум, го чекаме лекарот да каже за што станува збор. Казни? Зошто да ги казнам играчите, па зарем мислите дека сакаат да загубат натпревар, дека не сакаат да слават во една ваква атмосфера. Јас лично многу тешко ги доживувам овие поази, тешко ми е бидејќи знам колку овие луѓе овде го сакаат Партизан, а ние треба да им вратиме со подобри резултати“, изјави стратегот на белградските „црно-бели“.

Се вчитува...