Обрадовиќ: Три работи ќе ја одлучат „мајсторката“ со Реал Мадрид

Партизан има шанса во повратничката сезона во Евролигата да се избори за место на завршниот турнир. „Црно-белите“ во серијата против Реал Мадрид имаа и водство од 2-0, но не успеаја да слават на бар еден натпревар на домашен терен за да го заверат својот билет за Каунас.

Сега избраниците на Жељко Обрадовиќ ќе мораат да го повторат успехот од стартот на серијата и да слават во главниот град на Шпанија, а искусниот стратег вели дека за успех ќе одлучат три работи. Добра вест за Партизан е враќањето на Кевин Пантер, а „црно-белите“ ќе мораат и конечно да најдат начин да го неутрализираат Таварес, одличниот центар на Реал Мадрид кој делуваше доминантно на двете средби во Мадрид.

„Работевме напорно. Анализиравме се што се случи во претходните два натпревари, поготово последниот. Сплетот на околности и се што се случи не примора да играме со променет состав. Разговарав со играчите и мислам дека три работи се важни за тоа како ќе изгледа последниот натпревар.

Прво е одбраната над Таварес, најдоминантниот играч во Евролигата. Втората е трчањето и одбраната на нивниот контра напад и третата е протокот на топката во нападот кој мора да биде подобар и пред се претпознавањето на одбраната која тие ја играат. Не успорија со зонската одбрана и мора да најдеме начин да се справиме со неа, да најдеме лесни обиди и нормално да ги погодиме истите“, вели српскиот стратег.

„Мајсторката“ помеѓу Реал Мадрид и Партизан ќе биде одиграна во среда со почеток од 21 часот.

Се вчитува...