Обрадовиќ за шлаканицата: Јас сум им татко на овие кошаркари

Голем дел од спортската јавност го осуди Жељко Обрадовиќ за неговиот однос за време на тајмаутот на дуелот против Банвит, на кој тренерот на Фенербахче му удри шлаканица на капитенот на својот тим, Мелих Махматоглу. Српскиот стратег денеска се јави со своја изјава за настанот, истакнувајќи дека не чувствува дека сторил нешто лошо.

Нема ништо лошо, јас имам поинаков однос со сите мои играчи, но сите ги сакам. Мелих е капитен на Фенербахче, единствениот кошаркар што остана во клубот од првиот ден кога јас дојдов во Истанбул. Тоа што се случи беше реакција за да го разбудам целиот тим, треба да се гледа и толкува само на тој начин, бидејќи сите кошаркари ја разбраа токму како таква. Мојот пристап е таков каков што го има таткото кон своите деца, не разбирам зошто медиумите направија толкава приказна од сето тоа“ – изјави Обрадовиќ.

Се вчитува...