Обрадовиќ: Жал ми е што потрошивме цела година, ако јас сум проблемот, ќе си одам…

Кошаркарите на Партизан доживеаа шок на домашен терен откако беа елиминирани од Бурса во осминафиналето од Еврокупот. Избраниците на Жељко Обрадовиќ имаа шанси да приредат мирен крај на натпреварот, но откако не успеаја во истото следеше казна, а по дополнителни пет минути гостите од Турција се радуваа на голема победа.

По натпреварот искусниот стратег не го криеше разочарувањето за поразот, а изјави доколку раководството на клубот мисли дека тој е проблем, ќе си замине.

„Честитки до Бурса за победата. Ова беше првиот елиминациски натпревар и жал ми е за играчите и публиката која дојде. Превземам одговорност за поразот во контекст на се што се случи на терен. Не би сакал да влегувам во детали, но мислам дека имавме шанса многу лесно да го завршиме мечот. Меѓутоа не успеавме во тоа и логично е да превземам одговорност. Жал ми е што потрошивме година дена само за да дојдеме до оваа позиција“, изјави Обрадовиќ кој потоа додаде

„Дојдов во Партизан на три години. Ако клубот не е задоволен од мојата работа, ако постои некој подобар, нема проблем да си заминам. И настапот во Еврокупот да помина најдобро, јас ќе останев да работам. Тоа е животот. Сега се ќе анализирам, но мораме да работиме заедно и да се држиме заедно. Ако јас сум проблемот, тогаш нема проблем“.

Се вчитува...