Обрановиќ и Алонсо едногласно: Ова ни е прва победа во Скопје, убаво е кога ќе победиш специјална екипа

Ракометарот на Брест Мешков, Сандро Обрановиќ, не го криеше задоволството од победата против Вардар во последното коло од групната фаза во Лигата на шампионите, нагласувајќи дека за него ова е прва победа во Скопје во кариерата.

„За мене ова е прва победа како играч во Скопје, а сум играл со многу различни клубови тука, и знаеме колку е тешко да се игра тука. Одигравме одличен натпревар. Можеби немаше некои резултатско значење бидејќи веќе беше познат распоредот на местата, но оваа победа кога ќе се извојува против тим како Вардар е важна за самодовербата“ – истакна Обрановиќ.

Еднакво е размислувањето и на тренерот на Брест Мешков, Раул Алонсо.

„Ние сме одушевени од начинот на кој игравме и од резултатот. Знам дека Вардар е во еден вид тешка ситуација, но за нас беше многу важно да дојдеме до победата против тим како Вардар кој е навистина специјален и кој е мотив за секоја екипа да одигра најдобро што знае против нив“ – рече Алонсо.

Се вчитува...