Обрван ќе биде нов тренер на Загреб

Поранешниот македонски селектор Ивица Обрван најверојатно ќе биде новиот тренер на Загреб по заминувањето на Веселин Вујовиќ.

И покрај тоа што има тројца кандидати, покрај Обрван и Ирфан Смајлагиќ и Ненад Кљајиќ, хрватските медиуми пренесуваат дека Обрван е најсериозниот меѓу нив за наследник на Вујовиќ. Сето тоа го потврдува и генералниот менаџер на клубот, Божидар Јовиќ.

„Тоа што е сигурно е дека новиот тренер ќе биде Хрват. Со Обрван разговаравме дури и пред официјалното заминување на Вујовиќ. Владо Шола не е опција затоа што има договор со Кинезите“ – вели Јовиќ.

Се вчитува...