Обрван: Штета за последниот напад, им ја дадовме топката во раце…

Ивица Обрван разочаран го дочека крајот на дуелот меѓу Вардар и Загреб, откако падот на концентрацијата во последната минута и двата примени гола во завршните триесетина секунди го донесоа неговиот тим на четири гола негатива, сериозна разлика за надоместување на реваншот во Загреб.

Сепак, поранешниот македонски селектор не губи надеж дека оваа разлика ќе биде надополнета и Загреб ќе се пласира на Ф4 турнирот во Задар.

„Разликата е голема, ако се земе во предвид дека ова беше меч со мал број на постигнати погодоци. Штета што го прокоцкавме последниот напад, се договоривме ако не дадеме, никако да не примиме, но им ја дадовме топката во раце на противниците и се случи она што најмалку го посакувавме. Ова не беше добар натпревар ниту од едната ниту од другата страна, особено ако гледаме од напаѓачки аспект. Се уште се е отворено, но на крајот се претвори во највисоката разлика што Вардар ја имаше во текот на целиот меч. Ќе биде тешко да ја стигнеме негативата од четири гола, но мислам дека ние можеме да одговориме на тој предизвик“, истакна Обрван по мечот.

Се вчитува...