Обвинение против судијата кој го досуди најшокантниот пенал во историјата… (ВИДЕО)

Српското јавно обвинителство покрена обвинение против фудбалскиот судија Срѓан Обрадовиќ кој се обвинува за злоупотреба на службена положба поради учество во сомнителни активности на натпревар од српската Суперлига.

Во мај минатата година Обрадовиќ го досуди еден од најсомнителните пенали кои воопшто се видени на фудбалските терени ширум светот. На мечот меѓу Спартак и Раднички Ниш од Суперлигата на Србија досуди шокантен пенал за домашните за конечна победа од 2-0.

На никого не му беше јасно врз основа на што е досуден пеналот, а не долго по мечот Обрадовиќ беше приведен од српската полиција. Мина еден месец во притвор, а сега е покренато официјално обвинение па ќе се брани од слобода.

Се вчитува...